Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Венеција под вода, поплавени ресторани, дуќан - дождот не престанува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
venecija

Туристите и жителите на Венеција во чизми се пробиваат низ водата која го поплави поголемиот дел од градот. Водата ги поплави кафулињата и продавниците, а како мерка за претпазливост се затворени и детските градинки, пренесе АП.

Ова е вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските плоштади и улички.

— реклама —

Градоначалникот, Луиџи Бруњаро, изјави дека ќе прогласи состојбата на катастрофа и предупреди за сериозни штети, пренесува „Ројтерс“.

— реклама —

Висината на водата на плоштадот „Свети Марко“ надминува еден метар. Базиликата „Свети Марко“ е поплавена по шести пат во 1.200 години, при што во последните 20 години се случија четири поплави. Најскората беше во октомври 2018 година.

— реклама —

Инаку обилните дождови зафатија поголем дел од Италија последниве денови, предизвикувајќи поплави, особено на југот од земјата, а лошо време се прогнозира и за наредните денови.

фото: AL JAZEERA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања