Десетина дена по земјотресот во Драч - Албанија, сеуште тлото никако да се смири. Секојдневно има афтершокови. Властите со помошта од пријателските земји се обидуваат да се справат со настаната штета и да го вратат животот во нормала.
На социјалните мрежи постојано се објавуваат снинки од надзорни камери кои го регистрирале разорниот земјотрес во земјата и кои покажуваат кој хорор го поминале жителите на Драч.
https://www.facebook.com/gazetatema/videos/2548525688593652/?v=2548525688593652
Земјотресот беше со јачина од 6.4 степени според Рихтеровата скала, од кој 52 луѓе загинаа, стотици се повредени, а илјадници луѓе останаа без покрив над главата.
По земјотресот во Албанија, 4.000 луѓе се сместени во хотели, а 6.500 во шатори.
фото: Архива