Претседателот на СДСМ Зоран Заев во Собранието го достави предлог-составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.
„Очекувам претседателот Талат Џафери да даде доволно време, пратениците да се запознаат со програмата, но исто така и со биографиите на предложените кандидати. Очекуваме квалитетна дебата во Собранието и дека овие предлози ќе го добијат потребното мнозинство, по што веќе, следната недела, Северна Македонија ќе ја добие новата Влада посветена на реализација на програмските определби. Денеска како мандатор до Собранието доставуваме предлог за Влада која е подготвена да сработи во полн четири годишен мандат. Со мене денес се 19 министри и министерки, сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден, секој час, дека ќе работиме уште подобро и уште повеќе. Сите заедно да ги удвоивме нашите напори и да го направиме секое населено место за подобра средина за живеење“, истакна предмалку Заев на прес конференцијата.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/317589859581529/?v=589154808444569¬if_id=1598432868700952¬if_t=live_video