Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Демолирани просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ранковце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
rankovce

Зоран Заев и СДСМ се во паника. Демолирањето на просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ранковце е само уште пример за стравот кој владее на Бихаќка, страв од револтот на граѓаните кој е резултат на погубните политики на власта, истакна Даниел Павловски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ранковце.

— реклама —

Тој додаде: Власта стравот од соочување со граѓаните го покажа во моментот кога не ги прифати предвремените парламентарни избори, а со последните постапки, притисоци врз партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, апсења, приведувања, демолирање само уште еднаш потврди колку многу се плаши од сопствениот народ.

МВР може да врти глава и да ги штити криминалците, но наближува денот кога сите ќе бидат откриени и соочени со правдата.

— реклама —

Поразот ќе ги стигне. Зоран Заев и СДСМ не можат вечно да бегаат, не можат вечно да бегаат од соочување со волјата на граѓаните, од нивниот револт кој од ден на ден е се поголем. Поразот на претседателските избори ќе ја најави зората, граѓаните со својот глас против Зоран Заев и неговиот пиун Пендаровски ќе го најават крајот на оваа криминална и одродена власт.

— реклама —

По поразот на претседателските избори, предвремените парламентарни избори ќе бидат повеќе од извесни, кои ќе значат крај за политичката кариера на Зоран Заев, истакна Павловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања