Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го попречија новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски со транспаренти „Идентитетот се продава, Стево молчи“, „Не е мој претседател“, „Заев: Пендаровски не е искусен политичар“, а потоа ја напуштија собраниската сала, објави Република.
Потпретседателот на партијата Александар Николоски за медиумите ја образложи постапката на пратениците од опозицијата.
Стево Пендаровски докажа дека не е претседател на сите граѓани туку извршител на една политичка структура и на Зоран Заев. Со тоа Стево Пендаровски им сврте грб на македонските граѓани и затоа денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му свртеа грб нему.
Стево Пендаровски е прв кој кажа дека нашиот национален херој Гоце Делчев е Бугарин и со тоа ги урна македонските национални позиции, ја отвори Пандорината кутија и ги оневозможи историчарите на научна основа да разговараат за историјата, во преговорите за историјата внесе политика, и драматично ги поткопа темелите на македонската самобитност, македонскиот национален идентитет и самобитноста на македонскиот јазик и посебноста на македонската историја.
Текстот во целост на: Република.
видео: Република.