„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dafina

Неспособноста на Венко Филипче и владата се плаќа со здравјето на граѓаните. Доцната реакција на надлежните институции резултираше со голем број на лица кои се во изолација. Меѓу нив се и лекари. Мерките со кои секојдневно се фалеше Филипче на прес конференции се покажа дека се фарса и се спроведуваат половично, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Прво, нема соодветна контрола на граничните премини и на двата аеродрома за рано предупредување за заболени од корона вирусот. Ако имаше, тогаш немаше вирусот да се шири секојдневно и тоа од луѓе кои допатувале од кризните држави зафатени со епидемија на корона вирусот.

Второ, недозволиво е што директорката на Клиниката за дерматологија се однесувала неодговорно. По откривањето на постоењето на вирусот според наши сознанија направен е обид за премолчување на вистината и притисок да не се дознае во јавноста, што е навистина скандалозно.

— реклама —

Со несовесно однесување, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните. Потребна е одговорност и поднесување на оставка.

Владата заедно со стручните колеги од министерството да ги преземе следните мерки кои ги бараме:

1.Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст

2.Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,

  1. Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подготвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,

4.Надлежните институции, Центарот за управување со кризи, Државниот здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување.

Дилетантскиот пристап на Филипче го загрози здравјето на граѓаните. Потребни се мерки кои ќе дадат резултати, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања