Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Која е цената за опстанок на владата на Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

Која е цената за опстанок на владата на Ковачевски - 2 куќи во Тафталиџе 2 за Таравари и кумот Меџити кандидат за министер за здравство, прашува ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Арбен Таравари во 2021 година пријавил дека купил куќа за 150.000 евра. Тоа не е спорно, ако не се види куќата и локацијата. Имено станува збор за куќа во елитната скопска населба Тафталиџе, од 260м2, каде квадратот за станбена површина оди од 1500 до 2000 евра. Кога ќе се направи едноставна математика куќата на Таравари чини и до половина милион евра.

Откако ќе се утврдат фактите дека куќата на Таравари вреди и до половина милион евра, се поставува прашањето кој има интерес и зошто да продаде куќа за 150.000 евра и со тоа да загуби 350.000 евра?

— реклама —

Веднаш спроти куќата на Таравари, куќа има неговиот кум Фатмир Меџити, предлог за министер за здравство.

Како Таравари и Меџити се стекнале со своите две куќи купени во последните година ипол и дали тие се дел од политички пазар? Дали преку политичка корупција Ковачевски и Груби го внесоа Таравари во влада?

ЈО да не биде посматрач на работите, туку да преземе иницијатива и да го истражи случајот со куќите во елитната скопска населба Тафталиџе на новите владини партнери Таравари и Меџити“, стои во објавата.

EYmv5NxBTUo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања