„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Наместо 20% поевтини сметки за вода, Прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
prilep-voda

Иако градоначалникот Илија Јованоски ветуваше намалување на сметките за вода од 20% во предизборната кампања, Прилепчани овие денови сведочат за спротивното. СДСМ удира повторно по џебот на обичниот граѓанин кој на своја кожа го почувствува зголемувањето на сметките за водни услуги, истакна Иван Младеноски од ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

— реклама —

Граѓаните се гневни и измамени затоа што поверуваа дека токму новата локална самоуправа предводена од СДСМ ќе си достои на својот збор и ветувањето кое го даде. За жал и на штета на сите Прилепчани, со секој изминат ден се соголуваат ветувањата кои беа нафрлани без детална анализа, колку да се добија по некој дневнополитички поен.

Она што на крајот од денот го интересира обичниот народ е есапот во секоја една куќа, кој со овие поголеми давачки воведени во време на СДСМ, го осиромашува и онака сиромашниот народ кој едвај врзува крај со крај.

— реклама —

И наместо 20% поевтини сметки за вода, Прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%.

Градоначалниче, Прилепчани ве гласаа за 20% поевтини сметки за вода, а не за вработувања и поставување на директори на вашите внуци, зетови, братучеди. Прилепчани ве гласаа за да ги реализирате предизборните проекти, а не да агитирате за смена на име, национално предавство и двојазичен Прилеп.

Почитувани, досегашното владеење на СДСМ, како на централно, така и на локално ниво се покажа како крајно ненародно и дрско, кое освен што го влоши животниот стандард на секој еден, не донесе ништо корисно. Затоа мора што поскоро да заврши ова владеење. Затоа што граѓаните заслужуваат подобар живот и власт која ќе се бори за доброто на секој граѓанин, истакна истакна Иван Младеноски од ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

W0Tyoncn0VI

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања