(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Заради политиките на Зоран Заев ЈП Македонски пошти го изгуби својот идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
za-posta-vmro

Заевизмот и капитулантската политика на Зоран Заев институцијата Македонски пошти ја преименува во Национални пошти. Јавното претпријатија зад мене е јавен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај на Македонија, кое заради политиките на Зоран Заев го изгуби својот идентитет, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Да потсетиме поштите се синоним на држава и прво организирано институционално дејствување на системот за комуникации кое речиси по правило носи во својот назив, во своето име идентитетски карактеристики на државата.

— реклама —

Затоа постојат Бугарски пошти, Пошта Србија, Пошта Косово, Канадски Пошти и други примери, но заради Владата на Зоран Заев и нивната безумност Македонија ќе има Национални пошти без белег на Македонија или пак Македонски.

— реклама —

Да биде апсурдот поголем Македонски Пошти долги години промовираше поштенски марки за одредени историски, културен или историски поводи или јубилеи во Македонија со цел да го одбележи и зајакне идентитетот, за сега истото претпријатие да го загуби сопствениот идентитет заради квинслишката политика на власта.

Ова е само уште еден пример, уште еден доказ дека Заев го понижува својот народ. Договорот од Преспа не значи само бришење на уставното име на државата, туку и уништување на институционалниот идентитет што ќе направи огромна штета на достоинството на македонскиот народ и на државата.

Поразите на државен и национален план кои во низа ги предизвикува Зоран Заев мора да престанат. Првиот чекор се претседателските избори кон победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со што ќе отпочне падот на криминалниот деспотизам предводен од Зоран Заев и ќе донесе повторно надеж, гордост и достоинство во Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

2BatHU-hVgc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања