Веста за двоглавото теле кое се роди на 16 април во битолското село Лажец, се рашири насекаде низ светот. Сите се прашуваа дали ќе преживее, колку ќе живее. Денес, после 40 дена, телето Брауни е живо, весело теле, кое многу сака луѓе и обожава да пие млеко. Васил Поповски, на чија фарма беше родено, вели дека кравата е отелена природно, со помош на ветеринарите, објави Сител.
После извршениот преглед, ветеринарите му рекле дека телето има еден мозок и еден хранопровод. Има две вилици и два пара очи кои и го прават единствениот проблем со рамнотежата.
-Се има случено да отелат вакво теле, имало израсток главата со вратот, но тие не живеат. Ова е нормално. Кога го прегледаа рекоа има една глава, еден мозок, има израсток на вилицата, има еден хранопровод, нема други маани. Секој може да го види, ова е природно, не е феномен, вели Васил Поповски.
Текстот во целост на: Сител.
видео: Сител.