Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

(ВИДЕО) Во Јапонија во пожар изгоре дворец стар 600 години - светско наследство на УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
dvorec

Замокот Шури во јужна Јапонија, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО речиси целосно изгоре во пожар.

Во гаснењето на пожарот, кој избувнал во замокот од 14 век кој се наоѓа во градот Наха во провинцијата Окинава, учествувале повеќе од 20 противпожарни екипи.

Пожарот уништи седум главни структури на околу 4.800 метри квадратни на рид во градот Наха, но нема извештаи за повредени, објавија јапонските медиуми.  Пожарот почнал непосредно пред 2:40 часот во замокот во Наха, главен град на префектурата Окинава, по што десетици жители ги напуштиле своите домови.

— реклама —

Пожарот бил изгаснат околу 11 часа подоцна.

Локалните власти се сомневаат дека пожарот почнал во главната хала, но причините за огнената стихија се уште се утврдуваат.

— реклама —

— реклама —

фото: The Guardian

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања