Илјадници демонстранти пред грчкиот парламент извикуваа „Помпео оди си дома!", додека центарот на Атина е затворен за сообраќај, со силно полициско присуство.
„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот и може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Мицотакис.
Грчкиот премиер зборуваше за напнатата ситуација во источниот Медитеран, каде Кипар, островска членка на ЕУ, ја обвинува Турција за спроведување нелегални операции за дупчење во морето во потрага по природен гас.
Како што продолжува притисокот на Турција во источен Медитеран, за посетата на Помпео е да ја зајакне соработката со Грција, традиционален и историски сојузник на САД во регионот и членка на НАТО.
Ќе бидат потпишани повеќе договори за „унапредување на соработката во одбраната“ меѓу двете земји, соопштија американски и грчки извори.
https://twitter.com/IKaragiorgas/status/1180431525319512064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1180431525319512064&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fprechek-vo-atina-pompeo-odi-si-doma-foto-video