Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Во недела пак сите се соберат на старото пристаниште во Охрид, на еден од најубавите настани со македонска музика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-librarykodmc57vt5n94x8PtKP

Традиционалната староградска пловидба „Ој, љубов, љубов“ со ВИС „Билјана“ ќе се одржи на 12 јули, на празникот Петровден, кога љубителите на староградската музика и традицијата повторно ќе запловат по Охридското Езеро.

Организаторите информираат дека собирното место за сите пловни објекти што ќе учествуваат во пловидбата е плажата Канео, со почеток во 17:30 часот. Во пловидбата ќе можат да учествуваат исклучиво пловни објекти што се движат со веслање.

Оттаму, учесниците ќе запловат кон Старото пристаниште – Островче, каде од 18:30 часот настанот ќе може да се проследи и од копно.

— реклама —
— реклама —

„Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме сите охридски и македонски песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено“, повикуваат организаторите.

Тие апелираат до сите учесници да се придржуваат до правилата за безбедност за настанот да помине во најдобар ред.

— реклама —

„Забранета е употреба на какви било пиротехнички средства за време на настанот. Сите пловни објекти со мотор да се држат подалеку од веслачите и од кајчето со ансамблот. Ве замолуваме за коректно однесување за настанот да помине во најдобар ред како што доликува. За редот и безбедноста ќе се грижат нашите редари, Езерската полиција, Капетанијата на пристаништата и Црвениот крст – Охрид“, наведуваат организаторите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања