„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Во Општата болница во Охрид шест лица со симптоми на Ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
baleski

Директор на Општата болница во Охрид, д-р Горан Балевски на денешната прес конференција соопшти дека состојбата со заразата со коронавирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети, знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата.

— реклама —

– Формиран е кризен штаб составен од избрани лекари од сите одделенија, така што со заеднички насоки формиран е тријажен центар за прием на болни, кои потоа според однапред утврдени патеки на движење потоа се упатуваат кон соодветни одделенија зависно од потребата, изјави Балевски.

Директорот потенцираше дека моментално во болницата во Охрид се испразнети одделенијата за геријатрија и кожни заболувања, резервирани за сместување пациенти со сомнителна клиничка слика односно со симптоми на Ковид-19, а без потврдена дијагноза. Согласно препораките на Министерството за здравство, полесните случаи пациенти позитивни на Ковид-19 се третираат на Инфективното одделение во Охрид, додека потешките се упатуваат во регионалниот центар во Битола.

— реклама —

Инфективното одделние во Општата болница во Охрид располага со три лекари, двајца специјализанти, со капацитет за сместување 20-тина пациенти. На одделението моментално има шест лица со симптоми на Ковид-19, чии резултати се уште не се пристигнати односно нивната дијагноза не е потврдена.

Од избивањето на епидемијата на коронаворусот досега во охридската болница се примени пет пациенти од Охридско-струшкиот регион позитивни на Ковид-19, кои потоа се упатени во специјалните центри за третман.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања