(ВИДЕО) Во превртената Брза помош имало пациент - детали за несреќата во Скопје, еден тешко повреден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
SOOBRAKAJKA

Ноќеска во центарот на Скопје, на крстосницата кај зградата на Европска Унија и Тутунска Банка, се преврте возило на брза помош со кумановски регистарски таблички.

— реклама —

Возилото на брза помош најпрво се судрило со друго возило, по што се превртело.

— реклама —

Во несреќата најтешки повреди има возачот на автомобилот „фолкфаген туран“ кој се судри со кумановското возило на Брза помош. Повреден е и пациентот, како и сопатничка од возилото за Брза помош. Автомобилот го управувал скопјанец на возраст од 57 години, додека пациентот кој се наоѓал во медицинското возило има 72 години.

— реклама —

„Пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања