На социјалните мрежи е објавено видео каде се гледа како од возило кое е во движење се исфрла човек на сред улица. Корисникот на “Твитер” кој го објави видеото вели дека станува збор за грабеж. Односно, според него, човекот кој е исфрлен од автомобилот е сопственикот на возилото.
“Во Тетово, промовирано “одземање на БМВ” во движење и исфрлање на сопственикот од возилото. Ај што нема објава во полициски билтен, туку сите молчат. Анархија”, пишува корисникот. На снимката се гледа како откако лицето е исфрлено од автомобилот, од страна дотрчува лице, најверојатно да му помогне. Од МВР нема информации што точно се случило.
https://twitter.com/trollowsky/status/1200158172130029573?s=21&fbclid=IwAR0wUo6H_LPKSfHZ4znEK8FcXDDL8u7HwfkSix8JpsOOA4XplgU4sE27ehE