Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Водици во Охрид на највисоко ниво - прцеизирани деталите за традиционалниот настан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Screenshot-2024-01-15-at-13.40.01

Најмасовната културно-верска манифестација посветена на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ќе биде организирана на највисоко ниво, како што му доликува на еден духовен и туристички центар. На денешниот состанок на организациониот одбор за подготовка ги прецизиравме најважните детали за овој традиционален настан, кој е радост и доживување за илјадници верници на охридското пристаниште.

— реклама —

„Во согласност со востановената традиција, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански дел што го координира Општина Охрид и се однесува на целокупната празнична програма.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

— реклама —

По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“. Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро, а сите заинтересирани ќе може да се пријават во црквата „Свети Никола Геракомија“. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

— реклама —

Како дел од подготвителните активности и логистиката на настанот, во четврток на 18-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на езерото, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна која е карактеристична за трпезите на овој празник“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања