Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Венеција - 70% од градот е под вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
Venecija-696x363

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради природната непогода во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за да се избегне исчезнување на еден од најубавите градови на светот.  Каналите по кои Венеција е препознатлива се претворени во реки, а во многу објекти навлегла вода. И покрај се, туристите и натаму во голем број го посетуваат Плоштадот Свети Марко и останатите значајни делови од градот. Малку пред полноќ нивото на морето запрело на 77 сантиметри, што е далеку од вчерашните 1,87 метри, кои не се видени веќе 53 години.

— реклама —

Катастрофата што ја погоди Венеција е удар во срцето на нашата земја. Тешко е да се гледа градот така погоден, неговото уметничко наследство кое е во опасност, комерцијалните активности на колена, рече премиерот Џузепе Конте, кој е во Венеција.

Подготвени сме да испратиме средства, рекол Конте, кој појаснил дека претходно ќе присустввуа на состанок на венецијанските власти за да ги утврдат штетите и можните решенија.

Порастот на нивото на морето во комбинација со ударите на силните ветришта и дождот го потопи речиси целиот град, односно 80%. Загина еден 70-годишен жител на градот од струен удар кога се обидувал да ја вклучи пумпата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања