Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Возевме такси, спиевме петмина во стан“: Секретарот на СДСМ за бегството во Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryrhj6d9v1rc636fbX6Ei

Возење такси, помагање во теретана и делење стан со повеќе луѓе — вака Зоран Трифуновски-Жаба, денес организациски секретар на СДСМ, го опиша животот во Шпанија, каде што, според неговото сведоштво, поминал четири години во бегство. Тој вели дека бегал од режиот на Груевски.

Во „Претрес со Ландов“ раскажа дека најпрво заминал во Србија, кај роднини, очекувајќи дека ситуацијата ќе се разреши за неколку дена. Потоа, како што рече, добил информации поради кои проценил дека враќањето нема да биде едноставно и заминал во Шпанија.

— реклама —

Тврдеше дека при напуштањето на Македонија не бил на стоп-листа и дека границата ја поминал легално. Според него, подоцна била распишана национална, но не и меѓународна потерница.

Трифуновски кажа дека престојувал во Барселона и дека работел различни работи за да обезбеди егзистенција.

„Ние сме спиеле пет луѓе во еден стан“, рече тој.

— реклама —

Раскажа дека возеле такси и помагале во теретана, а работата во обезбедување ја избегнувале за да не влезат во конфликт и да не ризикуваат депортација. Според неговото објаснување, во меѓувреме обезбедиле и документи за подолг престој.

Особено тежок, како што кажа, бил односот со семејството: првите шест месеци не ги видел сопругата и детето, а подоцна тие му се придружиле.

— реклама —

Водителот Кристијан Ландов го соочи и со споредбата со други лица што избегале од Македонија. Трифуновски ја отфрли паралелата со Никола Груевски, тврдејќи дека самиот бил жртва на политички прогон и дека подоцна ја докажал својата невиност.

„Јас сум бегал од режим, не сум бегал од државата“, беше неговото објаснување.

Тој нагласи дека се вратил во август 2016 година, додека ВМРО-ДПМНЕ сè уште бил на власт. Како причини ги наведе желбата да ја докаже невиноста и потребата да го зачува семејството.

— реклама —

Сите детали за бегството ви се во Претрес:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library991qte6r71k97TXebOc

(Видео) Трифуновски: Алта банка е криминална, гувернерот мора да понесе одговорност

Студио | пред 2 дена

— реклама —
media-library6akbnmm5vevv85s5Gas

(Видео) Организацискиот секретар на СДСМ за 27 април: „Не се слагам дека тоа е тероризам“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryl49vs4a2la11dP9iVGG

(Видео) Додека бил во бегство, секретарот на СДСМ се среќавал со Заев до/во вилата во Грција, откри во „Претрес“

Македонија | пред 3 дена

media-library9s3v78h8s01laqVoZXv

(Видео) Трифуновски за инцидентот на митингот на СДСМ: Високи полициски функционери договарале да ме наместат, имаше тонски снимки

Студио | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања