Камион удри во автомобил на булевар „Србија“, во близина на кулите „Џевахир“. Оваа сообраќајка е на 200 метри од друг судар кој се случи на раскрсницата со „Јане Сандански“. Според првичните информаци, во оваа несреќа нема повредени.
Засега е познато дека има штета на двете возила.
Претходно, тешка сообраќајка се случи на раскрсницата помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Србија“. Се судриле возила „фолксваген голф“ и „пасат“. На двете возила има големи штети, а делови од нив се распрскани на улиците.
(Видео) Тешка сообраќајка во Аеродром: распрскани делови од возила, отворени воздушни перничиња
Тешка сообраќајка се случи на раскрсницата помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Србија“. Се судриле возила „фолксваген голф“ и „пасат“. На двете возила има големи штети, а делови од нив се распрскани на улиците.Засега не е познато дали има повредени лица. На местото е дојдена и Брза помош.На терен е излезена полицијата, има повеќе лица кои се околу возилата.Повеќе детали се очекуваат за подоцна.
Скопје | пред 2 години