Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Вучиќ: Нападот во „Чациленд“ е терористички чин со политички мотив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library6hvmph3fsk27aOYajMx

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нападот што се случи во импровизираниот камп наречен „Чациленд“ во белградскиот Пионирски парк, при кој беше ранет едно лице, има политички мотив и го оцени како терористички чин.

— реклама —
— реклама —

„Мразата што ја поттикнуваат поединци од политиката и медиумите доведе до овој напад“, рече Вучиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека мотивот на напаѓачот е „недвосмислено политички“.

Тој откри лични податоци за уапсениот и детали за оружјето што било користено, наведувајќи дека осомничениот со себе носел и канта бензин со намера да предизвика пожар. Вучиќ потоа нареди на јавноста да ѝ се прикажат снимките од ранувањето, апсењето и испрашувањето на осомничениот.

— реклама —

„Желиме успешна операција и брзо закрепнување на господинот Богдановиќ“, рече Вучиќ, упатувајќи повик до своите приврзаници да се воздржат од собирања и одмазда, нагласувајќи дека „осветата никому не донела добро“.

— реклама —

Инцидентот предизвика големо внимание во Србија, бидејќи станува збор за насилство во центарот на Белград и за инцидент што властите го карактеризираат како напад со политичка позадина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Новиот претседател на српскиот парламент Чупиќ нема да оди во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан

Балкан | пред 50 минути

— реклама —
media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 2 дена

media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 2 дена

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања