Дека на Скопје му недостигал ноќниот живот, говори фактот што синоќа клубот Хавана во градскипт парк беше премал за да ги собере сите гости. Журката со македонски безвременски хитови и странски најпопуларни песни, траеше до разденување. Скопјани, но и посетителите на градот се чини дека се пресреќни што одново ќе можат да се журкаат по цело ноќи.
“Неопходен е ноќен живот, ако сакаме да сме метропола која чека туристи и сака задоволни граѓани”, се коментира на социјалните мрежи.
Идниве денови се отвораат уште неколку ноќни клубови. Меѓу нив и “Привилиџ” каде и досега имало одлични журки.
Летните клубови добија дозволи за работа, од вчера. Од Здружението на летни ноќни клубови информираа дека успеале да најдат слух со надлежните институции.
– Во заедничка координација со сите служби најдовме решение и можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат – нагласија од Здружението.
Програмите за добри забави се креираат.