Прокиснаа таваните во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга. Собите се поплавија, водата се собира во кофи, а пациентите со кревети се сместени во ходниците. Ваква е сликата вечерва во во оваа јавна здравствена установа. Видеото кое го објави VOX Struga ја пренесува моменталната ситуација во болницата.
Инаку заводот за нефрологија постои повеќе од 30 години и персоналот е со големо искуство во облaста на нефрологија и урологија. Работаат специјалисти од областите: интерна медицина, урологија, радиологија, васкуларни пристапи и физикална терапија. Освен пациенти од Р. Македонија во Заводот за нефрологија – Струга се лекуваат и пациенти од Р. Албанија, Косово и Србија.
https://www.facebook.com/voxstruga.mk/videos/385457782392997/?v=385457782392997