Марко Пејчиновски беше пречекан со овации на охридското пристаниште откако успешно го заврши својот најнов и воедно последен предизвик – „Ајронмен“ триатлонот. Со огромна посветеност и неверојатна физичка и ментална издржливост, Пејчиновски го реализираше подвигот кој траеше речиси цело деноноќие.
„Целта е достигната. Ајронмен триатлонот успешно завршен. 7 часа и 47 минути трчање, 2 часа и 33 минути возење велосипед, 9 часа и 29 минути пливање. Ви благодарам на сите за поддршката,“ напиша Пејчиновски на социјалните мрежи.
Овој натчовечки потфат уште еднаш ја потврди неговата инспиративна борбеност и го направи вистински симбол на упорноста и волјата. Настанот во Охрид се претвори во емотивен момент на гордост и заедништво, при што бројни граѓани му изразија поддршка и восхит.
Пејчиновски и покрај некрозата на нозете, здравствен проблем кој со кој се бори, досега има низа на успешни подвизи.