Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

(ВИДЕО) Хрватите во шок - Афричка дива мачка снимена како лута по полињата и нивите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
serval

Паника во Хрватска. Локалното население од Туропоље во Хрватска се изненадени од веста дека по нивните полиња и ниви шета лута афричка дива мачка.

На снимката која ја објавија локалните медиуми се гледа голема мачка која наликува на рис.

Станува збор за мачка со средна големина која може да порасне до 60 cm и да постигне тежина од 18 Kg. Во главно се храни со глодари и мали птици. Поради својата убавина на црниот пазар достигнува цена од 10.000 долари.

Стручните лица од ветеринарниот факултет потврдиле дека се работи за сервал.

— реклама —

Неофицијално ова животно во текот на летото му избегало на сопственикот од Словенија.

Инаку Сервал  е африкански предатор од семејството мачки, сличен на Африканската златна мачка и каракалот. Тој е еден од најголемите претставници од седумте видови на Мали мачки, кои го населуваат континентот. Предците на сервалот се и првите мачки кои ја населиле Африка. Поради своето тело и дамките по крзното често се нарекува мал гепард, но и покрај тоа сродство меѓу двата вида не е толку близок, колку со други африкански мачки.

— реклама —

Една од особеностите кои го издвојуваат од останатите претставници на семејството мачки е дека сервалот сака вода и се придржува кон водните извори. Оваа неговата функција во однесувањето и присуството на специфични еколошки карактеристики се причина да боледува почесто од шистосомијаза. Сервалот води релативно таен начин на живот и главно се храни со глодари, како птици, зајци, мали антилопи, змии, жаби. Не е опасен за луѓето, туку напротив - тој самиот често станува нивна жртва.

— реклама —

фото: Курир.рс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања