Хрватската блогерка за патувања, Ванa Бојовиќ, ја посетила Палау, мала островска држава во Тихиот океан, и споделила интересен детаљ кој ја дочека веднаш по пристигнувањето.
Палау се наоѓа во западниот дел на Тихиот океан, околу 500 километри источно од Филипините. Состои од повеќе од 340 острови, а најголеми се Бабелдаоб, Корот и Пелелиу.
Овој главен град нема ниту еден постојан жител, што ја прави неговата приказна уште поинтересна. Позната е по недопрената природа, коралните гребени и разновидниот подводен живот, што ја прави популарна дестинација за нуркачи и љубители на екотуризам.
Идејата за посетата на Палау е едноставна: ако веќе доаѓате во овој рај, мора да ветите дека ќе го чувате. Тоа ветување се прави со официјален потпис на посебен печат во пасошот, наречен „Palau Pledge“, кој гласи:
„Деца на Палау, јас, како ваш гостин, ветувам дека ќе ја сочувам и заштитам вашата прекрасна и уникатна островска татковина. Ветувам дека ќе чекорам внимателно, ќе постапувам добродушно и ќе истражувам со свест. Нема да го земам она што не ми е дадено. Нема да штетам на нешто што не ми штети. Единствените траги што ќе ги оставам се оние што ќе се измијат. Ќе штедам вода, енергија и ќе го заштитам вашиот воздух и земја. Ќе ја поддржувам локалната заедница и економија. Ќе ја почитувам вашата култура и традиции. За идните генерации на Палау, ветувам дека ќе чекорам внимателно, ќе постапувам добродушно и ќе истражувам со свест.“
На својот TikTok профил, Бојовиќ споделила снимки од островот со тиркизни нијанси на морето, како и интересен момент од самиот влез во државата.
„Кога ќе слетате во Палау, на имиграција добивате посебен печат во пасошот наречен ‘Palau Pledge’ и пред влез во земјата морате да го потпишете“, објаснува таа.
Палау е земја со еден од најбогатите морски екосистеми во светот, поради што одлучиле да воведат вакви правила за заштита на природата.