Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го повтори ставот дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од свој кандидат за потпретседател на Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ и дека Собранието ќе има тројца потпретседатели.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече од кандидат за потпретседател, тогаш и СДСМ ќе се повлече и ќе оставиме простор на помалите, за и бројката на потпретседатели да биде помала. Јас ја следев нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, ама може ќе се повлечеме, ќе видиме, како ќе постапат, така ќе се однесуваме затоа што на крајот тука е и одговорноста“, кажа Заев.