„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев: Ги повикувам сите политички субјекти, пратенички групи да преземат одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Zaev-Z.

— реклама —

Носењето на Законот за Јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Тоа е европски успех и успех на правната држава. Од страна на високи претставници на ЕУ се повеќе се нагласува потребата за носење на овој Закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со Унијата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Сите демократски капацитети во државата и сите демократски сојузници на нашата држава се залагаат за законско решение кое ќе гарантира дека политичарите и политиката ќе бидат настрана од правосудството и дека политичарите нема да бираат обвинители.

— реклама —

За сите актуелни случаи и предмети без разлика на кого се однесуваат, вклучително и сите предмети и случаи на СЈО мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница.

Беззаконие и криминал мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривани и  казнувани. Тоа е можно само со обвинителство ослободено од влијанието на политиката.

Затоа, ги повикувам сите политички субјекти, сите политички партии, сите пратенички групи и претставници на независните пратенички групи да преземат одговорност и да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на нашата земја.

Особено, ја повикувам опозицијата да се надмине себеси и со прифаќање на законското решение за јавното обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања