„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев и Мицотакис во Солун: Економските односи меѓу двете земји бележат нагорен тренд, има потенцијал за уште поголема соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
14112019_PVRSM_Zaev_sredba_Micotakis_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва оствари средба со премиерот на Република Грција Кирјакос Мицотакис, на маргините на Самитот во Солун.

— реклама —

Премиерите Заев и Мицотакис, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов се поканети на Самитот како говорници на панелот насловен „Југоисточна Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформи".

На средбата со премиерот Мицотакис, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои прашањето на поддршката на Грција во претстојниот период за да се забрза претстојниот процес за старт на преговорите на нашата земја за членство во ЕУ.

— реклама —

Двајцата премиери изразија согласност дека позитивниот исход на ова прашање со што ќе биде потврдена европската перспектива на Северна Македонија, ќе биде од огромен придонес за сигурноста и стабилноста на регионот и ќе биде дополнителен поттик за економските односи кои од потпишувањето на Договорот од Преспа бележат нагорен тренд.

Во разговорот беше нагласено дека тоа е нов поттик за економските врски меѓу двете земји и произлегува и од фактот дека Грција е втор најголем трговски партнер на нашата земја, чија вредност на вкупните инвестиции во Северна Македонија ја става на високото трето место.

Двајцата премиери на средбата ја потврдија посветеноста на двете земји за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа. Како позначајни се истакнати заложбите за прогрес на работите на граничните премини кои ќе донесат придобивки за двете земји, за поврзување на регионите, како и за можноста што новите гранични премини ги отвораат за продлабочување на економската соработка.

На средбата меѓу претседателите на владите на Северна Македонија и на Грција беше истакнато дека ќе се обезбедат услови за поинтензивна работа на комисиите на двете земји кои работат на утврдувањето на трговските марки.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Заев на средбата истакна дека очекува премиерот Мицотакис да ја посети нашата земја за да продолжат средбите кои ги охрабруваат односите меѓу двете земји.

mVE2utcQ8vY

DnePJl4wlKw

65gXE3WXWK4

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања