„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев не знае дали ќе има мнозинство за формирање на новото СЈО, а бара итна замена за Катица Јанева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janeva-mickovski-zaev-ahmeti

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Општина Новаци, одговараше на повеќе прашања на новинарите, кои посебен интерес покажаа за иднината на СЈО и на преговорите за донесување на новиот Закон за Јавно обвинителство.

— реклама —

Премиерот Заев во својот одговор истакна дека решение за в.д. специјален обвинител за СЈО треба да се најде колку што е можно побргу.

„Јас верувам дека тоа решение со в.д. ќе биде само времено зашто се надевам дека сите политички партии ќе можеме да најдеме консензуално решение, не подоцна од 15 септември, за поддршка и за изгласување на Законот на Јавното обвинителство. Како што сум информиран, работните групи во понеделник ќе продолжат со работа. Знам дека е премостливо тоа што можеме да го решиме, секако почитувајќи ги црвените линии, а тие се иднината на предметите, иднината на СЈО. Работните групи ќе информираат за деталите, но како што ме информираа можам да кажам дека не е нерешливо ако сите покажеме одговорност“, истакна претседателот на Владата на РСМ Заев и упати апел до правосудните органи, пред сè на обвинителскиот дел од правосудството, оваа ситуација да не дозволи да биде загрозен ниту еден предмет.

— реклама —

Премиерот Заев упати апел и до Советот на јавните обвинители час поскоро да постапи согласно законските решенија за избор на в.д. специјален јавен обвинител за да се обезбеди континуитетот на самите предмети и процеси.

На прашањето дали е оптимист дека работните групи кои работат на усогласувањето на разликите околу Предлог-законот за ЈО, ќе постигнат согласност во понеделник за да помине законот во Собранието во вторник на првиот работен ден на законодавниот дом после летните одмори, премиерот Заев рече дека е оптимист зашто во предлог решението на законот веќе се содржани преку 80% од решенијата кои дојдоа како предлог на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Во предлог решенијата имаме спојување на СЈО со Обвинителството за организиран криминал. Тоа обезбедува иднина и јас верувам дека во формулациите за обезбедување на иднина на самите предмети ќе се држиме до принципиелноста, до Уставот, законите. Очекувам да се договориме. Ако не се договориме, секој од пратениците ќе треба да се изјасни. Мојата надеж останува. Нема да коментирам дали има или нема двотретинско мнозинство. Тоа ќе се знае кога ќе дојде чинот на гласање. Но, искрено верувам дека заедно со опозицијата, со консензус, ќе ја обезбедиме поддршката на новиот Закон за ЈО“, потенцираше премиерот Заев на прашањето на новинарите за иднината на СЈО и за донесувањето на новиот Закон за ЈО.

KGOT0TozAtc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања