„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев негира дека им кажал на Боки 13 и на Јанева дека ги следат странски служби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, негира дека му кажал на обвинетиот Бојан Јовановски дека него и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, ги следат странски служби.

— реклама —

„Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако, секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам и ќе го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата кога сме биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум коментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал затоа што законите мора да важат еднакво за сите“, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Бугарија кажала кои се нејзините услови за Северна Македонија да биде примена во Европската Унија, лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека очекува во идниот период земјата „да продолжи да биде наш искрен пријател“ и дека ќе се решат отворените прашања.

— реклама —

„Покажавме дека сме пријателска Влада. Претходната Влада имаше капацитет само за кавги со соседите, а ние најдовме решенија. Ја интегриравме земјата во НАТО и добивме одлука за почеток на преговори. Двете стратешки цели ги исполнавме. Очекувам во идниот период Бугарија да продолжи да биде искрен пријател на Република Северна Македонија. Народите ни се блиски. Владите се блиски и верувам дека во иднина ќе продолжиме со соработката. Мене ми е јасно дека сме застанати на петтиот елемент од историските поглавја. Четири прашања затворивме: Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум и тоа објавено и во ред, во духот на заедничката историја од минатото. Верувам дека и прашањето за Гоце Делчев ќе го решиме во духот на заедничката историја, каде што двата народа, и македонскиот, и бугарскиот, ќе останат горди народи. И тука да нема дилема“, истакна Заев.

Во однос на економските последици, Заев истакна дека поради одговорните политики во изминатите две и пол години, сега нашата економија подготвена ја дочекала кризата и затоа и последиците се послаби.

„Добро е што сите параметри покажуваат дека ние подобро се справуваме споредено со сите во регионот,второ, меѓу извештаите на Светска банка и на многу други институции се покажува дека кај нас импактот врз економијата ќе биде најблаг. Тоа покажува дека мерките одлучени од владиниот кризен штаб биле вистински димензионирани да ја заштитат здравствената состојба на граѓаните  преку сите рестрикции а при тоа да дадат живот и на економијата, освен неколку дејности кои беа комплетно затворени, сите други сектори живееја. Втората работа е што навремено и подготвено ја дочекавме кризата благодарение што за две и пол години имавме  можност да ја дигнеме економијата од – 1,8 на 3,6 % каде што имавме можност да дадеме подобри плати на лекарите, на медицинскиот персонал, поголеми плати на вработените во социјалната заштита, во образованието,  да дадеме поголеми пензии, сето тоа е зголемена потрошувачка моќ“, оцени Заев.

Тој истакна дека оваа ситуација е шанса за да се реконструира економијата, односно да се искористи повеќе од потенцијалите на неколку сектори кои во моментов не се доволно искористени.

„Земјоделството не е доволно искористен потенцијал и треба да го искористиме, затоа ајде да видиме кои се новите дејности, да го модернизираме земјоделството, да видиме што ново може да произведеме, што има траен пласман. Не ни е искористено доволно ниту сонцето како можност за развивање на „зелена економија“. Мора да работиме и на ИТ секторот и дигитализација и да се движиме во тој правец. Обезбедивме пари за реализација на прв и втор пакет на мерки, еве сега работиме на трет пакет. Тоа само покажува колку е стабилна македонската економија“, посочи Заев.

 

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/535254607384727/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања