„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев: Обезбедивме средства и начин за отпочнување на санацијата на колекторскиот систем во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20122019_PVRSM_Zaev_MZD_Ademi_uvid_kolektorski_sistem-3

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспора,Едмонд Адеми извршија обиколка и увид на отпочнувањето на санацијата на колекторскиот систем за Охридско Езеро.

— реклама —

На настанот беа присутни и  директори на јавни претпријатија, директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски и претставници на компаниите „Инд Еко“ и „Еко Тим“.

„Денеска, после неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, започнуваат работите на чистење и реконструкција на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион од наслагите и корењата од дрвјата и санација на цевководот на колекторот. Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга“, рече премиерот Заев во врска со санацијата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, за кој се обезбедени   4,2 милиони евра од Буџетот.

— реклама —

Премиерот Заев истакна дека овој значаен и сериозен зафат се презема поради  несеопфатната реализација и негрижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадните води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување, иако како што подвлече сознанијата за последиците биле познати изминатите години.

„Во наредните 5 месеци, ќе го поправиме тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување. Охридското езеро и заштитеното подрачје опфатено со УНЕСКО се наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем. Нашата намера е да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, и тоа оваа Влада ќе го докаже“, подвлече претседателот на Владата.

w2lxB-XyoCo

„Во моментов имам две сосема спротивни чувства. Од една страна чувствувам огромна гордост што Владата чиј дел сум и јас одвои средства за целосна санација на колекторскиот систем, средства кои ќе ја вратат бистрината на ова прекрасно езеро и ќе го заштитат од понатамошно загадување, ќе овозможат многу подобро зачувување на живиот свет во езерото. Нашата земја има ограничени ресурси, но секогаш мора да има доволно за заштита на нашите национални богатства, било да се природни или културни богатства“, истакна министерот Адеми.

M14DXnO8K2o

Директорот на ЈП „Колекторски систем“,  Владимир Алексијоски во своето обраќање изрази јавна благодарност и почит на покојниот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски заради, како што нагласи  неговите заложби, замисла, желба и посветеност за остварувањето заедничката цел, грижата за Охридското Езеро да биде во сигурните раце на државата. Тој на денешниот настан изрази и благодарност до Владата за покажувањето разбирање и интерес за решавањето на проблемот со Колекторскиот систем сместувајќи го во најважните приоритети, и им додели благодарници на премиерот Заев,  генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски, советникот на премиерот, Дејан Николоски и адвокатот Христина Стојановиќ.

Претставниците на компанијата „Еко Тим“ ДОО Скопје ги образложија техничките податоци и постапки околу процесот на санација на колекторскиотсистемзаОхридскоЕзеро.

фото и видео : Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања