„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев: Правната држава е потврдена, рекордните инвестиции и растечката економија го докажуваат тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-govornica

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на продолжението на собраниската седница за избор на новите министри и заменици министри истакна дека сите извештаи за нашата земја во последните три години велат за владеењето на правото дека е подобрено.

— реклама —

„Треба сите заедно во парламентот да дадеме придонес даго заокружиме процесот на реформи на правосудниот систем.Но, голема е разликата во однос на транспарентноста на процесите, јавноста зборува, таа е коректив. Се отвораат постапки, постапките отвораат процеси, процесите се водат транспаретно, новинарите се во судница и ги следат бидејќи тоа е важно за граѓаните.Денеска нема распоредување на предмети според нечија желба и тоа ќе се елиминира со комлетирање на реформата на правосудството со новиот Закон за ЈО“, нагласи премиерот Заев.

Тој додаде дека правната сигурност овозможи рекордни странски и домашни директни инвестиции кои го зголемија приходот во Буџетот и ја зајакнаа неговата кондиција со што се отвораат и нови можности.

— реклама —

„Финансиската ликвидност одлична, финансиската солвентност исто така, затоа што, сега дефинитивно, не се трошат пари на непродуктивни работи како порано. Сите даноци се реализираат над предвиденото, односно се со над 15,6% повеќе од лани. Очекуваме и кај данокот на добивка да ги оствариме истите резултати откако ќе се реши прашањето на уплатата на данокот на Џонсон Мети и стечајната постапка на Те-То, по што се очекува приливот по овој основ во Буџетот“, прецизираше премиерот Заев и додаде дека правната држава, меѓу другото, овозможи раст на економијата која ќе продолжи да расте, а така ќе растат дополнително и приходите во државата.

uFjMNH840MQ

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања