„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев: Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
01122019_PVRSM_Zaev_obrakanje

Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции. Овие последни упоришта на „заробената правда“ продолжија да ги контролираат судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот. Злоупотребувајќи ја одвоеноста на судската од извршната власт, овие таканаречени Сваровски судски центри на моќ застанаа на патот на правдата, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

— реклама —

Тој во продолжение на видео објавата вели:

Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните.

— реклама —

 Антикорупциската комисија, токму сега врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата, започнувајќи од мене. И тоа е сосема во ред.

Затоа, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш. Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш. Извршната власт ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за проверка на потеклото на имотите и парите, на обвинителите, судиите, и нивните семејства.

Антикорупциската комисија треба да ги утврди и конфликтите на интереси. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе.

Ги повикувам Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите за застарувањето на предметите и целосно да ја проверат професионалноста и ажурноста на работата на судиите. Мораме да обезбедиме правосудство кое одлучува, а не правосудство кое застарува предмети! Мораме да го прочистиме судството од непрофесионалните, неажурните и корумпираните!

Истовремено, најавувам дека преку институциите ќе започнеме контрола на сите лекарски потврди за домашен притвор, или за привремено пуштање од затвор, по кои се случило бегство.

Владата ја повикува и Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил. Согласно законските одредби за јавност, Владата предлага сите снимки од судења на случаите кои ќе бидат набљудувани од Европската Комисија, да бидат достапни во аудио верзија. Време е судството да се соочи со јавноста!

Почитувани граѓани, ова прочистување ќе овозможи правда да може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата.

Пред граѓаните ветивме правда! Му дадовме шанса на судството, а од таму до сега немаше резултати. Затоа, судството ќе мора да се соочи со граѓаните, да се прочисти од нечесните и да се промени!

8j00joOskcQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања