Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВИДЕО: Заев се качи на мотор, а функционерите кои ќе летаат на „метлата“ чекаат неговото враќање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
–-–-Google-Chrome

Откако утрово Владата објави дека премиерот Зоран Заев четири дена ќе одмара и нема да оди на работа, порталот „Лидер“ објави снимка која како што велат, им е испратена од читател, а за која тврдат дека е снимена во Ново Село. Според порталот, на неа е премиерот качен на мотор, иако тоа не се гледа бидејќи сите моторџии носат кациги.

— реклама —

Меѓу возилата има и владини возила, односно обезбедување. Последно во колоната е возило кое влече приколка.

— реклама —

-Канцеларијата на претседателот на Владата, информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10-ти до 14-ти мај ќе користи дел од своите слободни денови. Деновите, премиерот ќе ги земе заради приватни причини.– информираат од прес службата на владата.

Премиерот Зоран Заев најави дека веднаш по изборите ќе започне со операцијата „метла“. Но, очигледно, чистката во Владата ќе почека, додека Заев да се врати од одмор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања