„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев се кае: Жалиме што поддржавме некои лица од ДУИ, со Мерко се „изгоревме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека жали што на локалните избори поддржале некои кандидати на ДУИ. Тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа, го посочува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко како личност за која се „изгореле“ со поддршката.

— реклама —

„Господинот Мерко. Жалам. Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заеднички концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата и слично“,

— реклама —
вели Заев.

Заев зборува и за можните коалиции по избори, за справувањето со корона-кризата, за начинот на кој ќе се одвива образовниот процес. Како најголемо разочарување од својата власт ги посочува дел од администрацијата за која вели дека е кочничар и правосудството.

„Немате многу опции во политиката во делот на изборот. Да ве потсетам Вас и сите што не следат дека добивме 49 пратеници после „бомбите“, после отворање на целиот криминал,комплетната запустеност на државата и опциите преку бројките наши, кои граѓаните преку гласање ни даваат се опциите кои ви стојат на располагање. Буквално не постоеше друга опција освен коалиција со ДУИ за да може да се направи парламентарно мнозинство. Нормално сите други помали партии беа со пет пратеници, со три пратеници, со два пратеници кои едноставно не даваа опции на возможна парламентарна коалиција за доволно парламентарно мнозинство“,

вели Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања