Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(ВИДЕО) Заев: Убеден сум дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

DSC_2143

Премиерот Зоран Заев денеска во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров” во Штип, учествуваше на четвртата јавна дискусија за нацрт-амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

Премиерот Зоран Заев пред многубројните присутни ги презентираше нацрт – амандманите укажувајќи на потребата за донесување на уставните измени за  конечно исполнување на повеќе децениското очекување за отворање  на реалната перспектива Македонија во НАТО и во ЕУ.

Подвлекувајќи ја инклузивноста на процесот и отвореноста за нови предлози,  премиерот Заев повтори дека Договорот со Грција е пријателски, фер и правичен и на Македонија ќе обезбеди стабилност, безбедност и  подобар економски стандард.

„Дека договорот е правичен докажува и критичкиот осврт на опозицијата и во Македонија и во Грција, кои до сега не смогнаа сили да го решат овој долгогодишен проблем, иако тврдат дека ги подржуваат евроатлантските интеграции на нашата земја. Но, денеска имаме поддршка од народот, кој покажа дека почитува лидерство и лидерски одлуки и затоа за мене тоа е важно“, рече премиерот Заев, додавајќи дека со нацрт-амандманите се предвидува додавката Северна, која реално е географска одредница, но истовремено ја задржува нашата идентификација како македонски народ, кој говори македонски јазик.

Во своето излагање премиерот Заев  подвлече дека во нацрт – амандманите се вградени предлози на пратениците и посочи на одлуката, уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО.

„Убеден сум дека преку инклузивниот процес, со внесување на сите одржливи сугестии, Република Македонија може да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, бидејќи одговорноста е наша и тоа им го должиме на нашите деца, да го заокружиме процесот и да се посветиме на економскиот, образовниот, правниот развој на нашиот систем“, истакна премиерот Заев.

На јавната дискусија во Штип, премиерот Заев одговараше на прашања на граѓани подвлекувајќи дека сите дилеми околу тоа дали имплементацијата на Договорот од Преспа ќе го почитува грчката,  зависат само од нашите одлуки:

„Ние одлучуваме за сè. Од нас зависи и Договорот со Грција и она што треба понатаму да го градиме за да ги оствариме посакуваните придобивки“, рече премиерот и додаде дека за него, како премиер, е најважно да го одржува пријателството со соседите да ги негува европските стандарди и изрази убедување дека тоа ќе биде остварено заедно со сите земји-членки на ЕУ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања