„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев: Во новата 2020 година да го направиме најдоброто за нашата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
31122019_PVRSM_Zaev_novogodisno_obrakanje

Новогодишно обраќање на премиерот Заев: 

— реклама —

На неколку часа пред Новата Година, кога сите сме со нашите најблиски, ви посакувам подобро и поубаво утре, здравје и исполнетост со радост и топлина.

Некои наши сограѓани вечерва ќе бидат на работните места, во болниците, во Полицијата, во противпожарните служби, во Армијата - ќе се грижат за земјата и за нашата сигурност. На сите нив, да им оддадеме почит и признание.

— реклама —

За припадниците на нашата Армија, и сите наши граѓани, 2020 година ќе биде година за паметење. Северна Македонија и формално ќе стане членка на најмоќниот сојуз – НАТО.

Ништо нема да не запре и силно ќе чукаме и на портите на ЕУ зашто имаме што да кажеме. Бидете горди на овие постигнувања.

Денес сакам да си ветиме дека во 2020 уште повеќе ќе го разгориме пламенот на заедништвото и солидарноста. Дека ќе ги негуваме и одржуваме љубовта и разбирањето кон другиот. Тоа се толку едноставни, а толку големи чекори. Да продолжиме да бидеме пример за кој сите зборуваат.

Секој човек е важен. Затоа инвестирамевонашите граѓани, во иднината, во децата. Целиот наш народ, без исклучок, е нашето најголемо богатство. Драматично го свртевме социјалниот курс, ја правиме нашата земја социјална и праведна држава. Наша заедничка обврска е да овозможимесителуѓе да ја добијат шансата што ја заслужуваат,дагиискористат своитевештини.

Постојано да си честитаме што успеавме да ги вратиме слободата и демократијата. Да се храбриме бидејќи имаме економија која платите ги влече напред, како никогаш до сега. Бидејќи економијата од минус ни отиде во плус. Но, да биде јасно, пред нас е обврската за целосно воспоставување на правна држава. Нема отстапки, нема шминки и брзи поправки, туку темелна реформа.

Јас ќе направам сѐ за да го оствариме тоа. Останете посветени на правдата, вашата поддршка е суштинска за да успееме.

Народе мој,

Посакувам да сме сите живи и здрави и со најголема радост да ги дочекаме сите новородени во 2020 година, со решеност дека ќе обезбедиме топол и безбеден дом за секое дете, за секој човек.

Во новата 2020 година, посакувам секој од нас да го направи најдобротозанашатаземја. Покрај обврските на државата, придонесот на граѓаните е многу важен за македонската иднина. Затоа, секој нека покаже како се сака сопствената земја.Ништоне е поважноодтоа.

Ви посакувам од длабочината на моето срце, среќна, успешна и незаборавна нова 2020 година.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања