Член на спасувачкиот нуркачки тим кој ги пронајде телата на четворицата италијански нуркачи на Малдивите изјави дека тие немале соодветна опрема за нуркање во пештери.
Финскиот нуркач Сами Паакаринен, кој учествувал во потрагата, за италијанските медиуми изјавил дека телата биле пронајдени заедно во длабока и „многу опасна“ подводна пештера.
Групата исчезна на 14 мај за време на нуркање на околу 60 метри длабочина кај атолот Вааву, околу 100 километри јужно од главниот град Мале.
Првото тело било пронајдено кратко по несреќата, додека останатите три тела биле лоцирани неколку дена подоцна од специјализирани фински и малдивски спасувачки тимови.
За време на потрагата загинал и малдивски спасувачки нуркач.
Паакаринен изјави дека најверојатната причина за трагедијата е „човечка грешка“ и посочи дека нуркачите влегле во пештерата без безбедносно јаже и специјализирана опрема за подводно спелеонуркање.
„Оние што нуркаат во пештери знаат дека не е паметно да се влегува без безбедносно јаже“, рече тој.
Меѓу загинатите се професорката Моника Монтефалконе и научната соработничка Муриел Одентино од Универзитетот во Џенова, кои биле на Малдивите за истражување на влијанието на климатските промени врз биодиверзитетот.
Истрагата за несреќата сè уште трае.