Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Запалена макета на џамија на традиционална прослава во Северна Ирска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Свет
media-libraryvn2ndtoutlklcDPDMj1

Традиционалното одбележување на Битката кај Бојн во Северна Ирска годинава предизвика силни реакции, откако во селото Мојгашел беше запалена макета на џамија со пораки против имиграцијата и радикалниот ислам.

На конструкцијата бил поставен лик со знаме на Исламска држава (ИСИС), како и транспаренти со натписите „Заштитете ги нашите граници“ и „Стоп за заканата од радикалниот ислам“.

Организаторите од здружението „Moygashel Bonfire Association“ соопштија дека биле свесни дека нивната порака може да навреди дел од јавноста, но тврдат дека станува збор за протест против, како што наведуваат, „неконтролирана нелегална масовна имиграција“.

— реклама —

Полицијата го квалификуваше случајот како злосторство од омраза и поднесе обвинение против 56-годишен маж за поттикнување омраза. Осомничениот ги отфрлил обвиненијата, а судот му одбил да биде пуштен со кауција.

— реклама —

Инцидентот беше остро осуден од Англиканската и Католичката црква, кои во заедничко соопштение го оценија како „крајно навредлив“. Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, пак, го нарече „одвратен и кукавички чин на заплашување“.

— реклама —

Традицијата на палење големи огнови во Северна Ирска трае повеќе од три века и е поврзана со прославата на победата на кралот Вилијам III над кралот Џејмс II во 1690 година. Сепак, овие настани со години предизвикуваат контроверзии поради политичките и верските пораки што често ги носат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања