ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Започна пописот, паѓаат во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил лош и неевропски, вели Петровска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
01-03-2021-Petrovska

Денеска започнува попишувањето на одделни категории на лица онака како што е предвидено во методологијата.  По скоро 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации. Од денеска ќе се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на нашата земја и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица, истакна пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска.

— реклама —

Петровска на денешната прес конференција додаде:

— реклама —

Истовремено, од денеска па до 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората кое ќе се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика.

Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики кои обезбедуваат економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина.

Веќе се усвоени и здравствените протоколи што значи дека процесот на попишување ќе се спроведе со максимална заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите.

Законот за попис и методологијата за негово спроведување се во согласност сите меѓународни стандарди кои се практикуваат низ целиот свет и тоа е потврдено и од Евростат.

Паѓаат во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил лош и неевропски, дека методологијата не била соодветна и слично.

Собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош и неумесен партиски маркетинг.

Апелираме, граѓаните да не подлегнуваат под лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и активно да се вклучат во пописот.

Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас.

Тоа е наша обврска кон државата, но и кон нас самите и кон нашата иднина.

видео: СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања