„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Започна реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kosta-izjava

Денеска започнува реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти во Охрид, а тоа е Комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“. Со ова, конечно се решава еден децениски проблем и се обезбедуваат подобри услови за жителите на Општина Охрид.

— реклама —

Проектот е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата, кој опфаќа комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.

Во рамки на активностите за реконструкција на целокупната подземна инфраструктура, првично ќе биде опфатен потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.

— реклама —

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со надлежните во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, направи увид на започнатите активности.

– Како резултат на истрајноста, упорноста, ангажираноста и посветеноста на Локалната самоуправа со особена гордост и задоволство сакам да Ве информирам дека денес започнува реконструкциајта на улицата „Абас Емин“. Реконструкацијата на оваа улица е капитална инвестиција за нашите граѓани, нешто што беше планирано од сите претходни градоначалници и сите претходни Локални власти. Како локална самоуправа ги препознаваме вистинските потреби за нашиот град, ги лоцираме вистинските проблеми и напорно работиме на нивно решавање. Ова е сложен инфраструктурен проект, во текот на изведбата ќе има измени на сообраќајниот режим на улицата „Абас Емин“ затоа упатувам молба до граѓаните за разбирање при изведување на работите, истакна Георгиески во своето обраќање до граѓаните. Тој најави дека доколку се тече според планираното, комплетната реконструкција на улицата ќе треба да заврши за околу една година.

фото: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања