Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Започнa Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
london

Во Лондон започна состанокот на Северноатлантскиот совет (NAC) на шефовите на држави и/или на влади, на кој учествува и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменичката на претседателот во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Со учеството на состанокот на лидерите на земјите членки,нашата земја се претставува на највисоко ниво во работата на телата на Алијансата, и ја потврдува определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќната воена и политичка алијанса заснована на демократски вредности, како основа за заеднички просперитет и за напредок на земјите членки.

— реклама —

Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансатадосега го ратификуваа 28 членки на НАТО.Скорешното полноправно членство во НАТО е реализација на стратешката цел на нашата земја зацртана со консензус во 1993 година и овозможува идеални услови за зајакнат и забрзан економски развој.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања