„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Започнува заштитата од град со авионско засејување на облаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
97642671_559376181651022_3625257220242931712_n

Управата за хидрометеоролошки работи го потпиша договорот за јавниот оглас „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“, со што започнува и реализацијата на заштитата од временски непогоди (град) со авионско засејување на облаците.

— реклама —

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, на спортскиот аеродром Стенковец, присуствуваа на   првиот пробен лет на авионите коишто ќе вршат засејување на облаците.

— реклама —

„Со овој модерен систем на заштита од град ќе придонесеме да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе го заштитиме трудот на земјоделците. Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса“,  изјави министерот Димковски.

Вредноста на проектот за авионско засејување на облаците е околу 60 милиони денари, кои се обезбедени преку Програмата за рурален развој. Директорот на УХМР, Тодоровски посочи дека оваа метода вклучува засејување на градонoсните облаци со реагенси, односно со  сребрен јодид.

„Откако редарските центри на УХМР ќе ја детектираат нестабилната воздушна маса во која се создава градот, јавуваат до економскиот оператор и тој треба во најбрзо време и на најквалитетен начин да изврши засејување на воздушните маси со сребрен јодид “- изјави директорот Ивица Тодоровски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања