Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Земјотреси со јачина од 5,2 и 5,7 степени го погодија Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8fddptpg94iufRvEZa8

Три лица се повредени во два силни земјотреса што утринава го погодија подрачјето во близина на Козран, во иранската покраина Керманшах, соопшти портпаролот на државната Организација за управување со кризи, Омид Мохтарми.

— реклама —

Според неговите информации, првиот земјотрес бил регистриран во 7:13 часот по локално време со магнитуда од 5,2 степени и на длабочина од осум километри, додека вториот следувал само пет минути подоцна, во 7:18 часот, со магнитуда од 5,7 степени и на длабочина од 13 километри.

— реклама —

По земјотресите веднаш биле активирани националниот и покраинскиот штаб за управување со кризи, а на терен биле испратени 35 тимови од службите за спасување, цивилната заштита и безбедносните служби за да ја проценат состојбата и да ги преземат неопходните мерки.

Потресите биле почувствувани и во покраините Курдистан, Илам, Хамадан и Лорестан. Болниците и медицинските центри во Керманшах и во соседните покраини се ставени во состојба на готовност за евентуална интервенција.

— реклама —

Мохтарми изјави дека проценката на погодените села и населени места сè уште е во тек. Засега, според надлежните, не е пријавена материјална штета, а водоводната, електричната и гасната мрежа функционираат нормално. Тимовите и понатаму вршат теренски проверки, а новите информации ќе бидат соопштени доколку има промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 2 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 4 дена

media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy

Американски сенатор ја поддржа одлуката на Трамп: Нема отстапки за Иран

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања