Српскиот пејач Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, раскажа за српските медиуми што се случило вчеравечерта пред граничниот премин „Табановце“. Тој сведочи дека удрил во кумановката која одела по патот, а потоа излетал и застанал во грмушки.
„Се случи несреќа синоќа на 3 километри пред македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот придружник се симнале и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се судрила со него. Тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена.
Според него, девојката која возела автомобил и удрила во нивниот автомобил е згмечена, но со полесни повреди.
„Но, нејзиниот сопатник не“ – раскажал пеајачот.
Според него, тој прегазил жена која одела по патот, а тој не ја видел.
„По несреќата останаа на автопатот, едниот беше на левата лента, другиот на десната, а минута и пол подоцна додека возев со дозволена брзина, налетав на нив и директно ги удрив. Удрив сопатникот, кој се движеше по автопат со мојот автомобил. Беше магла, ги вклучив долгите светла и беше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силна кола, инаку не знам што ќе се случеше со мене“, додава тој.
Ѓорѓе посочува дека полицијата брзо дошла да изврши увид и дека врз него биле извршени сите прегледи за да се утврди дека не бил во алкохолизирана состојба.
- Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена“, изјавил пејачот за „Гранд“ и додал дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.
„Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава, а како што ми рекоа од Обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен“, истакна Ѓорѓе и додаде дека се уште не може да си дојде при себе.
„Синоќа имав блага скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол“, кажа тој призна рокерот и ја откри својата состојбa: „Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште“.
Жената на “Табановце” била прегазена од возилото со српски таблици, имало и претекнување - Обвинителството со детали
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот.“Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала”Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа”, велат од Обвинителство.
Македонија | пред 1 година