Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(ВИДЕО) Жестока дебата помеѓу Грчева и Милески за пописот, си кажаа многу навредливи зборови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
popis

Во вчерашната емисија на „Само Вистина“ на Канал 5 за пописот ги спротиставија своите мислења и ставови претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

— реклама —

Но Грчева и Милески не само што ги изнесоа своите ставоги, туку истите ги пренесоа преку жестока дебата, кавга, и навредливи зборови.

– Попис ни е потребен, таквата операција е нужна, но не сум за шверцерски работи и брзање во време на пандемија. Немам намера да отворам врата никому, дури во вакви услови ни на своите деца не им отворам. Исто така е сомнителен настапот на некои албански политичари кои лицитираат со бројки. Па што мислат со тоа дека нема да го признаат пописот доколку испаднат Aлбанци помалку од 20 или 25 посто! – рече Грчева.

— реклама —

Милевски пак кажа дека  Македонија е единствената земја во која не е спроведен попис повеќе од 20 години, а доколку сакаме да бидеме дел од Европската унија, мораме да ја реализираме оваа статистичка операција.

— реклама —

Дебатата прерасна лична пресметка, откако Милевски ја праша Грчева дали земала апанажа по завршувањето на пратеничкиот мандат, таа реагираше жестоко. Одговори дека не е корупција да се земе апанажа, а потоа упади навреда кон Милевски дека тој е неписмен човек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања