„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Зимска идила, но и проблеми низ патните правци во Македонија: паднато дрво кај „Ѓавато“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
straza-i-gjavato

На сите превои има снежни наноси. Екипи на Македонијапат ги расчистуваат, но се појавуваат и одрони, како и паднати дрвја. На преминот „Ѓавато“ кон Битола, се јавува дека на патот има паднато дрво, кое го блокира патот.

— реклама —

Возењето низ Стража кон Кичево и Охрид (како и обратно) е невозможен без зимска опрема. Силни снежни наноси има на овој патен правец од рано утринава.

— реклама —

АМСМ известува:

ВОВЕДЕНА ЗАБРАНА:

Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово - Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег.

Од 10:30 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Тетово - Попова Шапка, односно на потегот од с.Лисец кон Попова Шапка.

ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци: Двориште - Струмица; Берово - Струмица и Крива Паланка - Деве Баир.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Од 05:00 ч. забраната за движење на ТМВ на патниот правец Гостивар - Стража е укината.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Прилеп, Охрид, Крушево и Пресека. Појаки врнежи од снег има на Попова Шапка, Плетвар и Берово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања