(ВИДЕО) Жителите од Грчец, протестираат пред ЕВН во Ѓорче Петров - пунктот го обезбедуваат специјалци на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
grcec

Селаните од Грчец денеска решија да протестираат пред пунктот на ЕВН во Ѓорче Петров, откако три дена останаа без струја. Пунктот го обезбедуваат специјалци на МВР.  Ним им е исклучена струјата. ЕВН тврди дека проблемот е поради голем дефект и не може да се отстрани брзо поради нелегалните приклучоци на многу објекти во електродистрибутивната мрежа.

— реклама —

„Екипите на Електродистрибуција излегуваат на терен кога е безбедно за работење и кога не се попречувани. Но, веднаш по отстранувањето на дефектот останува старата болка, оние што нелегално ја користат електричната енергија и не дозволуваат да се реконструира, создаваат големи товари и повторно се јавуваат дефекти. Овој пат дефектот е од потежок карактер, веќе не е на нисконапонска мрежа туку на среден напон, што потешко и подолго се решава. – соопштија од ЕВН.

— реклама —

Инаку жителите на Грчец се жалат дека децата три дена пропуштаат настава заради големиот студ во училниците рано наутро. Луѓето носат облека на перење кај блиски или познаници, а се снаоѓаат за греење.

— реклама —

https://www.facebook.com/Almakos1/videos/3285656944840183/

фото и видео: Алмакос

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања