Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) „Жолтите елеци“ палат во Франција: Патарините во пламен, има и жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
h_54828099-202427

Сообраќаен хаос денеска во делови на Франција, а заслужни се „жолтите елеци".

Компанијата што оперира со патарините – Vinci Autoroutes, соопшти дека протести се во тек на 40-тина локации од нивната мрежа, како и дека дел од наплатните станици се сериозно оштетени, особено на југот на земјата.

— реклама —

— реклама —

Наплатната станица Бандол, источно од Марсеј, во вторникот вечерта била запалена, а автопатот А50 е затворен за сообраќај, соопштува компанијата, која претежно оперира со патарините на западот и југот на земјата.

— реклама —

Операторот апелира до возачите во Франција да бидат крајно внимателни додека се приближуваат на некоја од наплатните станици, но и кога се приклучуваат на автопатот – поради големиот број пешаци.

Исто така, проценуваат дека од почетокот на протестите, на нивната инфраструктура ѝ е нанесена штета во износ од неколку десетици милиони евра, и тоа без да се пресметани загубите од пропуштениот приход, со оглед дека демонстрантите им овозможија на илјадниците возила бесплатно да поминуваат преку патарините.

Досега паднаа и неколку човечки жртви во сообраќајни несреќи предизвикани (барем делумно) од препреките и барикадите поставени од „жолтите елеци" на патарините и патиштата.

Блокадите и демонстрациите на дел од патиштата, патарините и кружните текови во Франција траат веќе од средината на ноември. „Жолтите елеци" почнаа како протест против зголемувањето на даноците на горивото, а се претворија во општо незадоволство од политиките на Макрон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања